Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на борба против ракот, рапиден раст на малигни заболувања

Објавено February 4, 2025 18:39
Сподели
Сподели

Доколку сакате колоноскопија со анестезија дојдете после 14 часот на приватно, доколку не, може на државно, се жалат пациентите од дополнителните трошоци за некои од скрининг процедурите кои се клучни за превенција од онколошки заболувања.

Сепак, и да сакаме да ги препратиме пациентите на превентивни прегледи, освен во Скопје, во останатите помали клиники и амбуланти, за нивно извршување опрема нема, не функционира или пак нема кадар, вели првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на Светскиот ден за борба против ракот, додавајќи дека наскоро матичните лекари ќе ги препраќаат пациентите на скрининг процедури и за тоа ќе треба да исполнат квоти.

И кога имаме можност за скрининзи, многу од препратените пациенти не доаѓаат, што значи дека и едукацијата за потребата од овие скрининзи како превентива од рак мора да се развива, вели Јовица Андоновски од Министерството за здравство.

Се уште се разгледува финансиската можност да се набави втор пет скенер за да се зголеми бројот на извршените пет скенови од две на три илјади годишно, вели Клековски. Од Министерството за здравство пак, известуваат дека оваа година е планирано проширување на програмата за скрининг на рак на црн дроб, како и превентивни прегледи за рак на простатата.

Светската здравствена организација со алармантни податоци – секој петти човек заболува од рак а во следните 25 години, бројот на заболени од рак ќе се зголеми за 77%, што ја акцентира клучноста на превенцијата од онколошки заболувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница
Следна Статија За петок повторно е најавен бојкот на маркетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Спречен увоз на над 20 тони помфрит со поминат рок, уништени и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат…

November 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Судијата го одобри продажбата на имотите на Genesis HealthCare на понудувачот 101 West Street

Сојузен стечаен судија во вторник навечер го одобри продажбата на Genesis HealthCare и неговите речиси 300 подружници на новоформирана инвестициска…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?