Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања
СВЕТ

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања

Објавено February 4, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за разлика од официјален Брисел, секогаш ги исполнува своите ветувања, додавајќи дека Унгарија може да ѝ верува на Русија во иднина бидејќи тесната соработка со Москва е во геополитички интерес на Будимпешта.

„Кога требаше да се вратам на власт во 2009, се сретнав со Путин и договорив дека ќе се фокусираме на иднината. Ми беше јасно дека добрите односи со Москва и тесната економска соработка се во интерес на Унгарија“, кажа Орбан, истакнувајќи дека склучиле многу договори и дека Путин секогаш го исполнувал кажаното.

Унгарскиот премиер во интервју за швајцарскиот весник Ноје цирхер цајтунг додаде дека искуството од изминатите 15 години покажува дека Унгарија може да ѝ верува на Русија. Орбан објасни дека неговата земја историски секогаш била лоцирана во триаголникот Москва-Берлин-Истанбул, како и дека со секоја од тие земји имала негативни искуства.

„Се сложив, сепак, со Путин да ја оставиме историјата на нашите две земји на историчарите. Не сакам ниедна земја да ја окупира Унгарија, ниедна голема сила нема право да им кажува на Унгарците како да живеат. Денес Русија, меѓутоа, не ѝ се заканува на нашата слобода, ни на суверенитетот“, оцени унгарскиот премиер.

Според Орбан, тој за време на последната средба со Путин во јули 2024 директно го прашал рускиот претседател дали има проблем со тоа што Унгарија е членка на НАТО, на што тој одговорил дека нема, бидејќи Будимпешта не распоредила оружје на својата територија кое Москва може да го гледа како закана.

Унгарскиот премиер додаде дека во извесна смисла Брисел веќе е закана за неговата земја.

„Лесно е да се постигне рационален договор со Русија. со луѓето во Брисел тоа е речиси невозможно. Тие ги поддржуваат само моите противници во домашната политика“, истакна Орбан и додаде дека морал да ги порази Брисел и невладините организации.

Унгарскиот премиер заклучи дека е тешко да се седи на иста маса со оние кои сакаат да те уништат на секои избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Добиле бесплатно патување, но кратко се радувале: На крузерот добиле сметка од 47.000 долари
Следна Статија Русија лансира своја верзија на Евровизија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи да се намали времетраењето на престојот во САД за странски студенти и…

August 28, 2025
СВЕТ

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив…

May 18, 2025
СВЕТ

Притворениот градоначалник на Истанбул Имамоглу ја повика нацијата да се спротивстави на „злото“

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане…

March 20, 2025
СВЕТ

Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната

Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?