Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Во случај на итна кршина чаша“: Новите еко-автобуси на ЈСП со нови јазични бисери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Во случај на итна кршина чаша“: Новите еко-автобуси на ЈСП со нови јазични бисери
МАКЕДОНИЈА

„Во случај на итна кршина чаша“: Новите еко-автобуси на ЈСП со нови јазични бисери

Објавено February 5, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Новите еко-автобуси во скопскиот јавен превоз, донирани од ЕУ, а произведени во Турција, по двомесечен застој вчера се вклучија во сообраќајот. Но, и 65-те денови во кои се чекаше да тргнат низ скопските улици, не биле доволни некој во ЈСП да забележи што всушност пишува на упатството за итни случаи, кое треба да ја наведува стандардната порака да се скрши стаклото во случај на опасност.

По два месеци и една недела откако беа предадени на ЈСП Скопје, автобусите започнаа да сообраќаат на линиите 2, 4, 5, 7, 15, 16, 24 и 50, објави ТВ21.

Но, покрај модерната и еколошка технологија што ја носат, автобусите повторно се соочуваат со еден „традиционален“ проблем – неправилни натписи. Овојпат, грешките на налепниците не само што се комични, туку можат и да го збунат секој патник кој ќе се обиде да ги следи упатствата.

Така, во делот „Итен излез“ на македонски јазик, наместо „Во случај на итност, скрши стакло“, стои „Во случај на итна кршина чаша“ – фраза што звучи како поетска загатка отколку како безбедносно упатство.

Ова не е првпат автобусите на ЈСП да добијат „креативни“ натписи. Претходно, ТВ21 објави за друга синтаксичка грешка – наместо „Не се потпирај на вратата“, на автобусите стоеше „Не потпирај се на врата“, што повеќе личи на совет за живот отколку на предупредување.

Грешки има и во натписите на албански јазик, а претходно Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека тие ќе бидат исправени. Тогаш беше посочено дека грешките биле веднаш воочени, па биле изработени нови налепници од страна на УНОПС, кои требаше да бидат заменети пред пуштањето во употреба на шесте еколошки автобуси.

Очигледно, и покрај најавите, „кршината“ од јазични грешки сè уште не е расчистена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме
Следна Статија „Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер

Граѓанската иницијатива Охрид SOS алармира дека зад јавната расправа за наводен урбанистички проект организирана од Министерството за транспорт се крие…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода

На 17 август 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, значајна фигура во македонската историја и прв…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?