Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер
ЗАБАВА

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Објавено February 6, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете.

Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на Пејџ Сикс, и мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето се уште не се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали ќе имаат момче или девојче.

Бундхен има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сега коментатор на FOX, Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година по 13 години брак.

Жизел и тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година. “Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сѐ во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека поминуваше низ развод. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод”, изјави извор за странските медиуми.

Тие првпат станаа насловни страници во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од тренингот со Валенте на Флорида. Подоцна истата година, тие поттикнаа гласини за врска за време на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели откако беше финализиран разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.

Во текот на следните неколку месеци, парот беше виден како излегува заедно. Меѓутоа, Жизел потоа негираше дека има романтична врска со Хоаким. „Мислам дека сите ќе ме поврзат со некого во овој момент, бидејќи сум разведена“, изјави тогаш манекенката за Vanity Fair.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена причината за фаталниот судир на „Блек Хок“ со патнички авион над Вашингтон
Следна Статија Гол маж на кејот во Охрид ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Народните верувања за љубовта – верувате или не?!

Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени…

October 25, 2024
ЗАБАВА

Плажа во Шпанија со 300 сончеви денови годишно е прогласена за „најсреќна на светот“

Прекрасна шпанска плажа е прогласена за „најсреќна“ на светот. Се наоѓа во живописен град кој може да се пофали со…

March 12, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Роби Вилијамс со песна го најави новиот албум

Британската суперѕвезда и поранешен водечки пејач на „Тејк дет“, Роби Вилијамс, објави дека ќе издаде нов поп албум на есен…

May 23, 2025
ЗАБАВА

Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот избор на убавина…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?