Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови

Објавено February 6, 2025 13:01
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите соопшти дека одлуката на Уставниот суд да се поништи т.н. солидарен данок е конечна и мора да се почитува, а оти сите засегнати субјекти имаат легитимно право да си побараат надомест на име затезна камата.

Тој на прашање на новинарите рече дека нема намера да ја коментира одлуката на Судот, а дека во рамки на Владата заедно со Министерството за финансии ќе направат мапирање на односните компании, ќе се разговара со нив и ќе биде изнајдено решение.

– Како и за се друго, и за ова ќе најдеме решение. Сигурен сум дека на крајот на денот заедно ќе го премостиме и овој проблем, како и стотиците други кои ги поминавме минатите месеци, рече тој, истакнувајќи дека се разгледува и можноста да се побара и одговорност за настанатата ситуација.

Уставниот суд вчера донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, така што државата на 156 компании ќе треба да им врати средства во износ од речиси 50 милиони евра.

Данокот на солидарност беше воведен во 2023 година како еднократна, вонредна јавна давачка. Со оданочувањето беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари. а со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

Мицкоски рече дека уште тогаш кога се одлучувало за воведување на т.н. солидарно оданочување предупредувал дека ќе дојде време за наплата односно ќе треба да се вратат собраните средства.

– Уште тогаш на состаноците со претставниците на меѓународни финансиски институции лично име велев дека некој ден некој ќе мора да го врати тоа дивеење. И сега наместо нови 50 милиони за нешто друго, ние ќе мора да враќаме хирови на нечии грешки од минатото, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори
Следна Статија Се планира ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар за Скопје, Велес и Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

И покрај раните утрински часови, мерните податоци укажуваат дека квалитетот на воздухот во Скопје повторно е сериозно нарушен. Според апликациите…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе одржи прес-конференција

Денеска 16.03.2025 година (недела) во 18:00 часот претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?