Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Пресудата ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции.Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, Комората настапи институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата беше поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
Николоски: Ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците, од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“
Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник…
Банката на Јапонија ги зголемува економските проекции пред превремените избори, задржувајќи ги каматните стапки на 0,75%
Банката на Јапонија ги зголеми проекциите за БДП за фискалната 2025 година на 0,9%, а исто така ја зголеми проекцијата…
Мицкоски: Инфлацијата оваа година меѓу 3,5 и 4 проценти
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година…
ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме саботажа, се води истрага
ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ за тендерот за технолошко чистење во РЕК Битола, тврдејќи дека се работи за лаги, а…
