Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме
СВЕТ

Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Објавено February 7, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот мандат на Доналд Трамп, пишува Политико.

Германскиот кандидат за канцелар во средата вечерта се обрати пред насобраните на митингот во Синген, истакнувајќи дека промените во американската администрација се загрижувачки. „Ова повеќе не е Америка што ја познававме“, рече Мерц, мислејќи на големите кадровски и институционални промени во администрацијата на Трамп.

„Начинот на кој се менуваат функционерите, начинот на кој се менуваат структурите на Министерството за правда и државните обвинителства, начинот на кој масовно се делат помилувањата на луѓето осудени на повеќегодишни казни – сето тоа ќе има последици за Америка“, предупреди Мерц.

Предупредувањата на Мерц доаѓаат во време на масовни отпуштања и намалувања во американската администрација, како и во секторот за странска помош, откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател. Неговата администрација испрати масовни мејлови до вработените во владините институции нудејќи им „одложени оставки“, отстрани неколку федерални инспектори и отпушти десетици обвинители поврзани со гонење случаи поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Дополнително, САД ја замрзнаа странската помош и најавија планови за ставање на речиси сите вработени во американската Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) на платен одмор.

Трамп, исто така, најави амбиции да ја преземе контролата врз Појасот Газа, Гренланд и Панамскиот канал, не исклучувајќи ја можноста за употреба на воена сила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Столе Димитриевски прими пет голови од Барселона (ВИДЕО)
Следна Статија Македонска ракија се пиеше во студио на австралиска телевизија, погледнете ја реакцијата на водителката (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран да се согласи на нуклеарен договор „пред да не остане ништо“, сугерирајќи…

June 13, 2025
СВЕТ

Песков: Нема да попречуваме влез на Украина во ЕУ

Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за преговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека денешните разговори…

February 18, 2025
СВЕТ

Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја пробиеме израелската блокада“

Кон крајот на месецов, од неколку медитерански пристаништа ќе испловат нови хуманитарни пловила — најголемите досега — со цел да…

August 12, 2025
СВЕТ

Четири лица загинаа по пад на кабина на жичница во јужна Италија

Најмалку четири лица загинаа по пад на кабина на жичница на планината Монте Фиато, околу 45 километри југоисточно од градот…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?