Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови
МАКЕДОНИЈА

РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Објавено February 7, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди. 

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), се додава во соопштението, имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.

– Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат. Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk ., појаснуваат од РКЕ и додаваат дека против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, се подвлекува во соопштението, ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Кејн му е убаво во Минхен
Следна Статија Mуртезани на средба со познат лик во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петар Јанков од денес е нов градоначалник на Струмица

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг почнаа да ги преземаат функциите. Во Струмица веќе се случи промената. Попладнево,…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија

Албанските царински власти реагираа на обвинувањата на двајцата пратеници и функционер на ВРЕДИ, негирајќи дека биле спречени да влезат во…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?