Партизан му посака добредојде на македонскиот репрезентативец Димоски

- Advertisement -

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Димоски, и официјално е нов член на белградски Партизан, објави српскиот клуб на Инстаграм, посакувајќи му добредојде на 23-годишниот лев бек ангажиран како зајмен играч од руски Акрон до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот.

Димоски има 18 настапи за македонскиот национален тим, како и 42 за тимот од Толјати, во кој дојде во 2023 година од струмичка Брера, претходно ги бранеше боите и на Вардар, а кариерата ја почна во младинците на Тетекс.

Засилувањето на „црно-белите“, кои практично се простија од титулата во Србија поради заостатокот од 19 бода зад лидерот Црвена звезда, потврдено е на ден пред дербито со Војводина, па српските медиуми не очекуваат да дебитира уште утре во тамошната Суперлига.

Сподели ја оваа статија