Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
СВЕТ

„Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации

Објавено February 8, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации.

Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.

– Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации.

Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи.

Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп го цитира извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.

Портпаролот на Бајден одби да ја коментира одлуката на Трамп.

Новиот претседател на САД, исто така, го обвини Бајден додека бил во Белата куќа направил преседан, и дал инструкции на разузнавачката заедница да го блокира пристапот на Трамп до информациите за националната безбедност.

Во 2021 година, веднаш по преземањето на функцијата, Бајден изјави за Си-Би-Ес дека не е добро Трамп да има пристап до разузнавачките информации поради неговото „непредвидливо однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи податоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Луксембург има минимална плата од 2.637 евра, а Бугарија е на дното на Европската унија со 550 евра
Следна Статија Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ФБИ пронајде пушка, чевли и отпечатоци од напаѓачот на Кирк

Пронајдена е пушка за која се претпоставува дека е на атентаторот на активистот Чарли Кирк, изјави денеска специјалниот агент на…

September 11, 2025
СВЕТ

Папата Франциск ќе биде погребан најдоцна за девет дена

Погребот на папата Франциск ќе се изврши најдоцна за девет дена, а во рок од еден месец ќе биде свикана…

April 21, 2025
СВЕТ

(Фото) Путин ѝ се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“

Рускиот претседател Владимир Путин вети поголемо „уништување“ на Украина по саботниот напад со дрон врз зградите во Казан, за што…

December 22, 2024
СВЕТ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „националната заштита и затоа мора да го…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?