Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин
ХРОНИКА

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Објавено February 9, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Според истрагата, осомничениот месецов неовластено набавил наркотична дрога – хероин и марихуана од засега непознато лице. Дрогата ја чувал, мерел, дробел и препакувал во својот дом на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, со намера да ја продава.

„При претрес на 7 февруари, во неговиот стан беа пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Дополнително, беа најдени апарат за мелење шеќер со остатоци од кокаин и хероин, дигитална вага за мерење на наркотични супстанции, како и други предмети со траги од дрога“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото или да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и евентуални соучесници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марибор гори, пожар зафатил 9.600 метри квадратни, а на терен се 150 пожарникари (ВИДЕО)
Следна Статија Трамп телефонски разговарал со Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа е уапсено, соопшти Тошковски

Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа иако не ги исполнувала…

March 18, 2025
ХРОНИКА

Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо,…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело

Таткото на Васил Јованов, кој во јануари годинава на пешачки премин ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, денеска не се…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко за кривичното дело „несовесно работење во службата“, поради нерегуларности…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?