Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест во Скопје, граѓаните се борат за поголема безбедност на улиците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протест во Скопје, граѓаните се борат за поголема безбедност на улиците
МАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје, граѓаните се борат за поголема безбедност на улиците

Објавено February 9, 2025 20:21
Сподели
Сподели

Во Скопје, пред Зоолошката градина, денес се одржа протест за подигање на свеста за безбедноста на улиците. Граѓаните, со јасна порака за потребата од системски промени, се собраа за да ја изразат својата загриженост за високиот број на сообраќајни несреќи и опасностите со кои се соочуваат. Протестот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, формирана по трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена во Скопје.

Граѓаните нагласија дека полициското присуство и камерите на семафорите се важни, но дека тие не се доволни. За поголема безбедност, потребни се и други мерки, како што се подобрување на јавниот превоз, кој ќе ја намали потребата од приватни возила, подобрување на сообраќајната сигнализација и поостри казни за прекршителите.

Игор Антов, еден од говорниците, истакна дека безбедноста не зависи само од полицијата, туку и од функционален јавен превоз кој ќе помогне да се намалат автомобилите во урбаните средини

.„Безбедноста не се гарантира само со полиција на улиците. Потребен е и функционален јавен превоз кој ќе ја намали потребата од автомобили во градовите“, изјави Антов.

Ива Петровска од организацијата „На точак“ нагласи дека решавањето на овие проблеми не треба да се одложува поради политички интереси, бидејќи секое одложување резултира со изгубени животи.

Како што не се решаваат проблемите, така и се губат животи. Безбедноста треба да биде приоритет, а не нешто што се одлага поради изборни кампањи“, рече Петровска.

Крсто Минговски, претседател на „Еуромобилност“, нагласи дека недостатокот на јавен превоз довел до ситуација каде што во секоја куќа има два или три автомобили, што пак влијае на сообраќајната култура.„

Секој млад човек има автомобил, а без соодветна култура, тоа доведува до несреќи. Потребна е сериозна работа на подигнување на свеста за сообраќајната култура“, рече Минговски.Трагичниот инцидент со Фросина Кулакова се случи на 29 јануари, кога беше прегазена од страна на 20-годишниот Васил Јованов. Јованов е обвинет за кривично дело со умисла, бидејќи на тој ден поминал на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегазил Кулакова на пешачки премин. За него се знае дека претходно бил пријавуван за слични прекршоци. Јованов се соочува со казни од четири до 20 години затвор, во зависност од одлуката на судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна хеликоптер во Германија: Има загинати
Следна Статија K-15 – Цацко Конобар – Да се потсетиме на легендарните видеа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се роди белоглав мршојадец во скопската зоолошка градина

Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопскаата зоолошка градина.…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне. – Се соочуваме со предизвик…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце

Министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека функционери на ДУИ и одредени структури од поранешната власт…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска испрати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?