Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проекција за изборите во Косово:Никој нема да може самостојно да формира влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Проекција за изборите во Косово:Никој нема да може самостојно да формира влада
БАЛКАН

Проекција за изборите во Косово:Никој нема да може самостојно да формира влада

Објавено February 9, 2025 21:18
Сподели
Сподели

Движењето Самопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите на граѓаните кои го искористиле своето избирачко право на денешните парламентрани избори во Косово, покажува проекцијата на Коха, во која не се вклучени гласовите од дијаспората. Преведено во пратенички мандати, врз основа на оваа проекција со маргина на грешка до 2,54 процентни поени, Самопределување ќе освои 47 места во 120-члениот парламент.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.

Демократската партија на Косово (ПДК) Мемли Красниќи ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите. Според проекцијата, оваа партија има добиено 23 пратенички места.

Демократската лига на Косово  (ЛДК) на Лумир Абдиџику забележа најголем пораст од изборите во 2021 година. Од помалку од 13 отсто, оваа партија сега има 20,4 отсто од гласовите, врз основа на проекцијата без дијаспората. Во однос на пратеничките мандати, и оваа партија ќе има 23 пратенички места.

Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, во коалиција со Социјалдемократската иницијатива и други групи, останува четврта политичка сила. Оваа партија ќе освои 6,3 отсто од гласови, и ќе има седум пратеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија K-15 – Цацко Конобар – Да се потсетиме на легендарните видеа
Следна Статија Сензација: Ливерпул испадна од последниот тим во втората лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција

По пристигнувањето на турските беспилотни летала во Приштина, имаше остра реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја обвини Турција…

October 8, 2025
БАЛКАН

Од следната седмица нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници

Преку циркуларно писмо од 15 мај, испратено до сите манастири, Светата заедница, информирала дека од 14 јуни на Света Гора…

June 9, 2025
БАЛКАН

На ден на жалост имала настап: Српска фолк ѕвезда е на столб на срамот

По смртта на 14 лица, беше прогласена тридневна жалост, а многу пејачи поради оваа причина ги откажаа своите настапи, објави…

November 3, 2024
БАЛКАН

Хрватските банки повеќе нема да наплатуваат дополнителни трошоци за отворање, одржување и затворање сметки, користење онлајн или мобилно банкарство

Хрватскиот Сабор изгласа законски измени што им овозможуваат на граѓаните пристап до своите редовни приходи без дополнителни трошоци. Банките нема…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?