Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам

- Advertisement -

Шпанецот Карлос Алкараз го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија). Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2.

Алкараз сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализира четири од осум брејк топки. Де Минаур имаше еден ас, четири двојни грешки и реализираше две од петте брејк топки.

За 21-годишниот Алкараз ова е 17. титула во кариерата.

Сподели ја оваа статија