Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот
БАЛКАН

Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот

Објавено February 11, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата „Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.

Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови. Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.

Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните загреани извори, научниците открија бездна длабока 100 метри. На неговото дно, го пронашле езерото, кое е долго 138 метри, со широчина од 42 метри а може да собере 8.335 кубни метри топла вода, објави албанската државна агенција АТА.

Во регионот Вромонер, на албанската страна на границата, научниците во 2021 година наишле на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапирале детално.
Тие велат дека сега знаат дека околните топли извори се со вода од подземно езеро.

„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, изјавил членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕВН: Колку и да се жалат граѓаните на високите јануарски сметки за струја, на крај пак ќе си ги платат
Следна Статија ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: „Ова е огромно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер

Албанските власти ја прогласија за „стратешки инвеститор“ компанијата на познатиот американски бизнисмен и инвеститор, Џаред Кушнер, зет на новоизбраниот претседател…

January 16, 2025
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување

Земјоделците во цела Грција ќе ги стават во мирување блокадите на автопатиштата и граничните премини и ќе овозможат непречено одвивање…

December 31, 2025
БАЛКАН

Легендарниот градоначалник на Њујорк Џулијани му даде поддршка на Додик

Рудолф Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, адвокат и пријател на Доналд Трамп, рече дека е јасно дека првостепената пресуда на…

February 28, 2025
БАЛКАН

Хорор во Загреб – се опијаниле, па се истепале, едниот починал

Во стан во Загреб синоќа се случило убиство. Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца мажи, кои заедно консумирале алкохол, физички…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?