Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео
Blog

Барањата САД да ја сменат политиката кон Македонија во првиот мандат на Трамп не успеале поради „бескорисните“ секретари Тилерсон и Помпео

Објавено February 11, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Поранешна претставничка на американскиот Стејт Департмент говореше во една од најгледаните десничарски емисии во САД за тоа како во првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, Македонија барала да запре американската поддршка за Шарената Револуција, но поради „бескорисноста“ на тогашното раководство, до тоа не дошло.


Катерин О’Нил Гилиган е поранешна функционерка во Стејт Департментот и во УСАИД која беше гостинка во емисијата на Тим Пул, каде се дискутираше за злоупотребите на американската дипломатија во мандатот на претседателот Обама. Според Гилиган, и во првиот мандат на Трамп имало барања да се укине УСАИД и да се запре политичкото мешање на американските дипломати во странски држави, при што таа конкретно имала средби со македонски претставници, но поради отпорот во затекнатата администрација и неснаоѓањето на државните секретари на Трамп Рекс Тилерсон и Мајк Помпео, плановите за реформи во првиот мандат на Трамп не се оствариле.


Се сеќавам, имавме луѓе од Македонија кои бараа да ја запреме нашата влада и нејзините обиди да ја урне нивната влада. За жал, бевме пренатрупани со работа, немавме никаква поддршка од горе. Тилерсон беше отпуштен прилично рано во мандатот. Помпео беше бескорисен. Затоа не можевме да сториме ништо, изјави Гилиган.

Американската поддршка за Шарената револуција почна во мандатот на претседателот Обама, а и покрај очекувањата дека претседателот Трамп ќе реагира во случаите каде американските дипломати поттикнуваа уривање на десно ориентирани влади низ светот, до тоа не дојде. Трамп започнаа со темелно размонтирање на организацијата УСАИД, преку која се спроведуваа програми за мешање во политичките прашања на странски држави, како приоритет уште на почетокот на својот втор мандат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Такер Карлсон: Oружјето што САД го дава на Украина завршува кај мексиканските нарко картели
Следна Статија Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Корисниците на iPhone почнуваат да добиваат исплати од 95 милиони долари од тужбата за приватноста на Siri

Минатата година, Apple се согласи да ја реши колективната тужба во врска со 'незаконско и намерно снимање' на разговори со…

January 26, 2026
Blog

ОВАА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ЈА СКРАТИ РАБОТНАТА НЕДЕЛА: Синдикатите се изборија помалку да работат за иста плата

Шпанската влада одобри закон со кој се намалува работната недела од 40 на 37,5 часа. - Денес го модернизираме светот…

May 7, 2025
Blog

Суспендиран играчот на Бенфика кој на Винисиус му рече дека е мајмун

Фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани привремено е суспендиран и нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за реванш дуелот…

February 23, 2026
Blog

Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?