Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители
Blog

Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

Објавено February 11, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја конкретно и владината иницијатива за разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Корумпираниот правосуден систем е директна причина што Македонија „падна“ за 12 позиции или 2 индексни поени во минатата година. Падот е причинет најмногу заради Судскиот совет, Академијата за судии и многуте афери со корумпирани судии. Ова го потврди директно и претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

– Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Слична е состојбата, продолжи Пандовски и во Обвинителството, кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во меѓувреме, опозициските медиуми весат за падот на Македонија ја насочија кон новата Влада, заборавајќи и замижувајќи на јасно предочените факти од директорот на Транспаренси Интернешнл Македонија за вината лоцирана во судството, ширејќи лажни вести и тнародски кажано „терајќи ја водата на својата воденица“. Воденица која по укинувањето на УСАИД, ќе има сериозен проблем со финансирањето…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – вторник, 11 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Риби – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: За човековите родени во знакот Риби, денот овозможува јакнење на внатрешната мотивација. Нивната сонливост, сочувствителност,…

February 17, 2025
Blog

Калифорнија ја престигна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот

Економијата на американската сојузна држава Калифорнија ја надмина економијата на Јапонија и стана четврта по големина во светот во однос…

April 25, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви дава шанса за подигнување на позитивната вибрација, при што ви помага вашата вродена…

January 29, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви носи вашите карактеристики, амбициозен сте, стрпливи, практични, концентрирани и одговорни, што ќе ви…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?