Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски подготвен за размена на територии со Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски подготвен за размена на територии со Москва
СВЕТ

Зеленски подготвен за размена на територии со Москва

Објавено February 11, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.

– Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан.

Тој не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена.

– Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет, додаде Зеленски.

Русија моментално окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, особено во источните и јужните региони. Широката инвазија започна на 24 февруари 2022 година и трае речиси три години. Во август минатата година, Украина изведе неочекувана офанзива во западниот дел на руската Курска област, а и покрај руските контраофанзиви, сè уште контролира дел од освоената територија.

Според претставници на Киев, операцијата во Курск била со цел да ги заштити пограничните региони, а заземените територии би можеле да се користат како предност во евентуални мировни преговори.

Зеленски постојано нагласува дека секој мировен план мора да вклучува силни безбедносни гаранции од сојузниците, за да се спречи повторна руска агресија.

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оваа недела веројатно ќе се сретне со Зеленски за да разговараат за прекин на војната. Во неделата, пак, рече дека остварил контакт со рускиот претседател Владимир Путин, но не прецизираше кога. Кремљ не ја потврди, ниту ја демантираше оваа информација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски
Следна Статија Кој е Род Благојевиќ за кој се говори дека ќе биде нов амбасадор во Србија: Лежеше во затвор, Трамп го помилува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Една од најопасните организации на светот ја освојува Европа: Се заканува бран насилство

Министерот за правда на Франција предизвика огромна контроверзност во земјата минатиот месец кога рече дека ниту еден дел од земјата…

June 12, 2025
СВЕТ

(Видео) Викаше и мавташе со стап: конгресмен исфрлен од седницата за време на говорот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа говор пред Конгресот, што беше негово прво големо обраќање откако се врати во Белата…

March 5, 2025
СВЕТ

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска,…

August 14, 2025
СВЕТ

Бројот на жртви во иранските протести достигна 116

Масовните антивладини протести во Иран продолжуваат да се шират, при што илјадници демонстранти излегоа на улиците на Техеран и вториот…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?