Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд му дава рок од шест месеци на Парламентот да ги отстрани штетните одредби од Законот за кривична постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд му дава рок од шест месеци на Парламентот да ги отстрани штетните одредби од Законот за кривична постапка
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд му дава рок од шест месеци на Парламентот да ги отстрани штетните одредби од Законот за кривична постапка

Објавено February 12, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Уставниот суд донесе одлука да се поведе постапка за оценување на уставноста на Законските измени и дополнувања на Кривичниот законик, во целина.

Дополнително, одлучено е Уставниот суд да испрати Известување до Собранието за сомнежите и сознанијата во овој предмет и да му даде рок од максимални шест месеци за да ги коригира спорните законски одредби.

Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот акт е во спротивност со темелните вредности на уставниот поредок, односно дека е во спротивност со владеењето на правото уредено со членот 8 став 1 алинеја 3, како и дека не е во согласност со гарантираната уставна заштита за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите, предвидена со членот 9 став 2 од Уставот.

Судот смета дека под сомнеж може да се стави и материјалниот и формалниот аспект. Неспорно е дека Собранието има надлежност за нормирање на општествени односи, но во овој случај Судот се сомнева дека Законодавецот не водел сметка за уставно-правната реалност и последиците кои ќе настанат по донесувањето на овие законски измени, а се во насока на предизвикување на нееднаквост во казнената политика за сите граѓани.

Уставниот суд изразува сомнеж и за формалниот аспект, односно за постапката на донесување на овој Закон, поради носење на измените во процедура во која се користи европско знаменце иако нема оправдана, деловничка цел за тоа.

Согласно Актот на Судот, доколку Собранието не постапи по насоките за законски интервенции, Уставниот суд ќе премине во следната фаза од постапувањето, односно ќе се донесе конечна одлука, која може да има укинувачки или поништувачки карактер, во зависност од проценката на тежината на повредата.

Судот го зема предвид фактот дека може да настане правна празнина и евентуални последици во отсуство на казнените одредби на кои би се повикале судиите во кривичните постапки, доколку се донесе конечна одлука во следната фаза, без да го извести Собранието и да побара интервенции и токму ова беше клучно да се одлучи прво да се обрати до Законодавниот дом кој е надлежен за интервенирање во законите.

По завршување на седница, претседателот на Уставниот суд даде образложение за денешната одлука и одговори на прашањата од новинарите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок
Следна Статија Трамп: Разговарав со Путин, преговорите со Украина ги почнуваме веднаш!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа

„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го чествуваат Свети Василиј Велики, празник кај народот познат како Василица

Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?