Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
БАЛКАН

За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос

Објавено February 13, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ синоќешната блага сеизмичка активност, „бидејќи земјотресите ќе продолжат уште долго и ќе имаме земјотреси над 5 степени според Рихтер“.

Грчките сеизмолози во изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со недели, па дури и месеци, а категорично ја отфрлаат можноста за активирање на вулканот кај Санторини.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 10 февруари, биле регистрирани над 15.300 земјотреси, од кои над 13.200 биле посилни од 1 степен.

Во понеделникот, на 10 февруари имало над 1.200 земјотреси, од кои над 240 биле посилни од 2,5 степени.

Со оглед на тоа што земјотресите интензивно се чувствуваат и на Аморгос што е во близина на епицентарот, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на островот е прогласена вонредна состојба, нешто што беше одлучено и за Санторини минатата седмица.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Следна Статија Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Силен земјотрес во Грција: Сè се тресе, зградите се оштетени, луѓето се во паника… (ВИДЕО)

Жителите на Крит се загрижени откако силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди островот рано…

May 22, 2025
БАЛКАН

Сослушан Италијанецот осомничен за учество во „Сараево Сафари“, кој се фалеше со убивање граѓани на Сараево

Еден од осомничените во случајот „Сараево Сафари“ даде исказ пред истражителите на судот во Милано и негираше дека учествувал во…

April 14, 2026
БАЛКАН

Генералот што ја бранеше Србија од НАТО бомбардирањето се врати дома

Генералот Небојша Павковиќ вчера пристигна во Белград по 20 години поминати во Хаг. Тој беше ослободен од затвор пред да…

September 29, 2025
БАЛКАН

Масовни протести во Белград (ВИДЕО)

Илјадници луѓе излегоа на протест во Белград. На студентите им се приклучија и здравствени работници, земјоделци, актери, граѓани. Бараат одговорност…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?