Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ сака да се реформира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ сака да се реформира
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

Објавено February 13, 2025 19:31
Сподели
Сподели

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата.

Како што се посочува во партиското соопштение, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи, како што велат, нов стандард за политичките партии во регионот.

-Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопштуваат од ДУИ.

ДУИ, како што се наведува во соопштението, покрај пратениците, решително продолжува со проширување овој процес на ветинг таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на партијата и раководството на локалните партиски ограноци.

-Со стратешкиот акциски план ДУИ има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси. Како предводник на овие реформи, ДУИ поставува преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти. ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет, нагласил претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Нашиот пристап, велат од ДУИ, е сеопфатен и добро планиран, со фокус на поединци со силен интегритет кои, како што посочуваат, ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг. Посочуваат дека преку стратешките акции и непоколеблива посветеност, ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсенал ослабен ,Хаверц се повреди
Следна Статија Кремљ: Саудиска Арабија можна локација за средба меѓу Трамп и Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски води во Центар

Според неофицијални извори од партиските штабови, на локалните избори во Центар предност има актуелниот градоначаник Горан Герасимовски пред кандидатот на…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, никогаш нема да го нарушиме вашето достоинство

Како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме победа или мнозинство во 58 општини во Македонија. Идниот градоначалник на Град Скопје има…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

„ШУКОВА И ЗАЕВ УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА ВЕТУВАА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“ Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје?

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на…

September 11, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?