Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Демократија“: Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија затоа што не им одговара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Демократија“: Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија затоа што не им одговара
СВЕТ

„Демократија“: Европскиот парламент ја отфрли владејачката партија во Грузија затоа што не им одговара

Објавено February 13, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се отфрли легитимноста на „самопрогласените власти на Грузија“ и повика на нови парламентарни избори, јави ДПА.

Резолуцијата ги критикуваше „наместените“ избори во Грузија на 26 октомври, наведувајќи значајни нерегуларности како што се заплашување гласачи, манипулација со гласовите и мешање со изборните набљудувачи и медиумите.

Партијата Грузиски сон тврди дека победи на гласањето, но прозападните опозициски партии одбија да го признаат резултатот. Многу опозициски пратеници одбија да ги заземат своите места во парламентот.

Од крајот на октомври имаше масовни протести против владејачката партија, кои се интензивираа кога премиерот ги одложи преговорите за пристап во ЕУ до крајот на 2028 година.

Имаше насилни немири, повредени и неколку стотици апсења. Полицијата е обвинета за насилство и тортура.

Резолуцијата, која беше усвоена со 400 гласа за, 63 против и 81 воздржан, бара нови избори во следните неколку месеци под меѓународен надзор и независна изборна администрација.

Таа, исто така, бара од Европската унија и нејзините земји-членки да воведат лични санкции за грузиските функционери кои се сметаат за одговорни за демократското назадување, вклучително и премиерот Иракли Кобахиџе, градоначалникот на Тбилиси Каха Каладзе, претседателот на парламентот Шалва Папуашвили и поранешниот премиер Бидзина Иванишвили.

-Длабоко жалење што владејачката партија Грузиски сон се откажа од нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во НАТО, Парламентот ја повторува својата непоколеблива поддршка за легитимните европски аспирации на грузискиот народ, се вели во резолуцијата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кремљ: Саудиска Арабија можна локација за средба меѓу Трамп и Путин
Следна Статија Мицкоски во дипломатска офанзива во Минхен и во Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“

 Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во…

February 10, 2025
СВЕТ

Нов пресврт, царините на Трамп остануваат во сила

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД,…

May 30, 2025
СВЕТ

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

ДПА Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку…

May 6, 2025
СВЕТ

Земјоделците во Брисел најавија масовен протест

Во периодот од крајот на 2023, па до почетокот на пролетта 2024 година, Брисел беше сведок на неколку големи земјоделски…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?