Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворен „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ во ТИТАН УСЈЕ: Поттик за младите кон СТЕМ науките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Отворен „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ во ТИТАН УСЈЕ: Поттик за младите кон СТЕМ науките
Blog

Отворен „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ во ТИТАН УСЈЕ: Поттик за младите кон СТЕМ науките

Објавено February 13, 2025 19:54
Сподели
Сподели

Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника, е главна цел на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, кој денес беше отворен во просториите на Титан УСЈЕ. Се работи за целосно опремен центар со компјутери и најнови машини за 3Д печатење, кои ќе можат да ги користат учениците од основите училишта.

„Иноваториумот“ нуди можности за изучување и стекнување нови вештини во повеќе технички области, па согласно потребите, содржините ќе се надоградуваат и ќе се менуваат. Едукацијата ќе ја изведуваат предавачи од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје (ТМФ), кои преку интерактивни содржини ќе ги анимираат младите и нивниот интерес за нови знаења од техничките области.

„Едукацијата на младите не е само обврска на институциите, туку сите ние сме имаме одговорност и треба да дадеме придонес во тој процес. Поради тоа започнавме со реализација на овој проект, чија цел е на младите да им понуди дополнителна можност за едукација, но и да даде нова вредност во формалното образование. Интересот за негово користење е веќе голем и искрено се надевам дека ќе овозможиме позитивен ефект во образованието. Ние ќе продолжиме да соработуваме со сите институции и партнери и да развиваме проекти кои се во интерес на заедницата, бидејќи сметаме дека приватно – јавното партнерство е одличен модел за напредок“, истакна Константиност Николаоу, главен извршен директор на Титан УСЈЕ.

На свеченото отворање присуствуваше и министерката за образование и наука д-р Весна Јаневска која истакна:

„Иновативните иницијативи, посебно оние што се насочени кон образованието, имаат најширок одраз врз заедницата. Секое ново вложување на компаниите во образованието и во знаењата и вештините на младите дава повеќеслојни придобивки: покажува дека бизнисмените се свесни за потребата да се оддолжат на средината во која работат и заработуваат, се создаваат подобро обучени кадри кои во иднина поуспешно ќе се вклучат на пазарот на труд и се влијае на намалување на сиромаштијата“, рече Јаневска.


На почетокот „Иноваториумот“ ќе го посетуваат ученици од основите училишта во општината Кисела Вода, а понатаму ќе бидат вклучени и учениците од другите општини. Титан УСЈЕ за учениците обезбедува и бесплатен превоз.

„Ова не е само проект, ова е инвестиција во иднината. СТЕМ едукацијата е повеќе од учење математика, инженерство или технологија – таа е начин на размислување. Тоа ги поттикнува децата критички да анализираат, да решаваат проблеми и да ја користат иновацијата како алатка за успех. Програмата која се спроведува во две основни училишта, отсега ќе биде достапна и за сите ученици од основните училишта во општината “, истакна Сашо Јовановски, советник за образование во општината Кисела Вода.


Наставниот кадар од Технолошко–металуршкиот факултет, преку адаптирани содржини, показни експерименти и новини ќе ги доближи техничките науки до учениците. Титан УСЈЕ и ТМФ кон крајот на минатата година потпишаа и Меморандум за соработка со кој се дефинираат клучните приоритети.

„За нас од исклучителна важност е соработката од ваков вид, бидејќи овозможува да се разбуди интересот кај младите за техничките науки, кои се клучни носители на новата дигитална револуција. Нашите стручни лица кои ќе ја вршат едукацијата креираа интерактивен модел кој ќе им овозможи на учениците, низ практична работа, да се запознаат со принципите на овие науки и да ги усвојат новините кои се актуелни. Содржината е соодветно прилагодена на возраста, што е дополнителна придобивка и верувам дека ќе донесе одличен ефект”, истакна проф. д-р. Стефан Кувенџиев, декан на ТМФ.

На настанот беа присутни и директорите на основите училишта од општина Кисела Вода кои ќе можат да ги користат капацитетите на „Иноваториумот“. Сите научни помагала ќе им бидат ставени на располагање на наставниците по математика, физика и хемија од општинските училишта и за потребите на редовната настава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за стружанец за кражба на струја во вредност од 4.000 евра
Следна Статија Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Америка изрече рекордна казна на Луфтханза

Соединетите Држави ја казнија Луфтханза со рекордни 4 милиони долари, откако авиокомпанијата им забрани на Евреите да летаат во 2022…

October 16, 2024
Blog

Американскиот алкохол се повлекува од канадските полици: За шефот на „Џек Даниелс“ тоа е полошо од царините

Канадските провинции ги повлекуваат американските алкохолни пијалоци од полиците на продавниците како одговор на трговската политика на Трамп. „Тоа е…

March 7, 2025
Blog

На Португалија ѝ се потребни повеќе од 14.000 медицински работници за прекувремена работа

Националната здравствена служба во Португалија треба да вработи уште околу 14.300 професионалци за да покрие околу 20 милиони часови прекувремена…

June 8, 2025
Blog

Секој втор Германец би ја напуштил Германија

Повеќе од половина од Германците, доколку имаат добра можност, би ја напуштиле земјата и би отишле да живеат во странство,…

May 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?