Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Над 700 загинати и повеќе од 38 илјади повредени во сообраќајки во Македонија изминативе пет години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Над 700 загинати и повеќе од 38 илјади повредени во сообраќајки во Македонија изминативе пет години
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Над 700 загинати и повеќе од 38 илјади повредени во сообраќајки во Македонија изминативе пет години

Објавено February 15, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Брзо возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока, управување под дејство на алкохол, статистиките на МВР покажуваат дека ова се најчестите фактори за сообраќајни несреќи во Македонија кои во последните пет години одзеле 707 човечки животи, а 38.136 луѓе се здобиле со повреди, анализира АЛФА.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, на ниво на државата, во последните пет години 7637 сообраќајки се предизвикани поради брзо возење, додека за 4151 причината била првенство на минување, 1634 сообраќајки биле предизвикани поради движење во спротивна насока од дозволената, а алкохолот бил фактор за 1769 несреќи.

Најголем дел од несреќите се случиле во главниот град каде во последните пет години брзото возење било причина за 3100 сообраќајни несреќи, а од 2019 до 2023 година алкохолот бил причина за 316 сообраќајки, додека поради непочитување на првенството на минување за истиот период се предизвикани 1634 сообраќајни несреќи, во кои загинале 181 лице.

За експертите загрижувачки се бројките на несреќи и загинати на патиштата, според нив причините за негативните статистики треба да се бараат во ниската сообраќајна култура, лошата патната инфраструктура, лоша патна сигнализација, непочитување на сообраќајните правила. Решение гледаат во системот сејф сити за кој сметаат дека трееба да се воведе во сите градови во државата.

-Постојат повеќе пропусти, како што е непочитување на патна сигнализација, лошо урбанистичко планирање, возила кои се движат по тротоарите, пешаци кои се принудени да одат по коловозот, бројни недоследности кои мора да се надминат, изјави универзитетскиот професор Никола Крстановски.

Негативните статистики и големиот број на загинати ги натера надлежните да ги заголемат контролите на патиштата, а беше иницирна и јавна расправа во Собранието каде министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави ригорозни мерки и казни, вклучително и одземање на возачката дозвола и возилото.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мотоциклист излета од патот кон Табановце, тешко е повреден
Следна Статија Муцунски и Георгиев во Минхен разговарале за билатералните разлики и блокадата од Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полициски службеник доби кривична за оддавање службена тајна

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот: Сопатник од Велика Британија загина во сообраќајката кај Битола

На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки,…

March 10, 2025
ХРОНИКА

Син на турски градоначалник починал од срцев удар во затвор во Скопје

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските…

November 21, 2024
ХРОНИКА

Со метален предмет добила закани од сопругот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.О.(48) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?