Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…
МАКЕДОНИЈА

МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…

Објавено February 18, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ), на која е предвидено да се потрошат илјадници евра за луксузни производи. Според информациите, само за едно скапо сирење може да се потрошат околу 1.000 евра, а менито вклучува ексклузивни морски плодови, егзотични зачини и специјално подготвена храна.

Сирењето од типот Big Woods Blue кое се бара за вечерата со која се отвара состанокот на раководството на МТВ со гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ) во странство чини меѓу 70 и 100 евра за килограм што значи дека во Македонија може да чини и за 50 проценти поскапо.

Ако за сите 120 гости има по 100 грама основа скапо сирење тоа значи дека само за овој продукт ќе бидат потрошени 12 килограми или околу 1000 евра за еден дел од вечерата.

Настанот трае повеќе денови.

Порталот off.net.mk ги открива сите 10 луксузни продукти за вечерата на првиот ден од состанокот.

Меѓу нив има работи кој македонскиот обичен човек па дури и вработен во МРТВ не може да ги јаде освен ако не отиде на коктел во некоја странска амбасада.

,,Печен анасон и лубеница (во мај!) со жолт домат мариниран со босилек; тропски ракчиња (мора ли тропски?) со прелив од ананас и папаја; димена патка и прелив од ореви и цреши; сино сирење од видот Big Woods, паеља од морска храна со школки, ракчиња (тропски?) и арборио ориз со шафран… Ова е само дел од менито кое МРТ го нарачува за свои гости од ЕБУ. Поблиску се до добивање Мишелин ѕвезда отколку до некоја ТВ награда”, пишува Офф.нет за листата на храната која ја бара МТВ по спецификација.

Зошто ракчињата не може да бидат од Егејското море туку мора да бидат од тропски мориња или океани не им е јасно ниту на најдобрите кувари и гурмани.

Како што не е важно дали парите ги дава МТВ од својот буџет или од буџетот на ЕБУ затоа што сигурно е подобро парите да завршат кај македонски производители на храна.

Повеќе на off.net.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”
Следна Статија (Видео) Врие во Шпанија поради одлуките на ВАР судиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кондарко: Надоместоците за лицата ангажирани од ДИК за Локалните избори 2025 ќе се движат на ниво на минатите избори

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат,…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?