Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат
Blog

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

Објавено February 18, 2025 10:51
Сподели
Сподели

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA), јави аргентинскиот весник „Кларин“.

Во интервју за телевизијата „Тодо Нотисиас“, Милеј го релативизираше случајот, споредувајќи го со коцка: Ако одите во казино и загубите пари, на што се жалите, ако однапред знаете како функционира?.

Тој инсистираше дека учесниците во купопродажбата на криптовалутата, чии вредности нагло пораснаа, а потоа паднаа откако многумина брзо ги повлекоа вложувањата, „добрo знаеле што прават“ и „доброволно влегле во тоа“.

– Тоа е проблем меѓу приватни лица. Државата нема никаква улога тука, рече тој, дистанцирајќи ја аргентинската влада од можни обвинувања за измама.

Истовремено, тој негираше дека добил финансиски надомест за промовирањето на $LIBRA: „Тоа беше чист импулс“, рече Милеј, тврдејќи дека сакал само да сподели информација за нешто што изгледало профитабилно.

– Сите што учествуваа знаеја многу добро во што се впуштаат. Не е како да не беа свесни за ризикот, додаде аргентинскиот претседател.

Во меѓувреме, судија во Аргентина доби задача да води истрага за односот на претседателот Милеј со криптовалутата $LIBRA, поради наводите за измама.

Вчера, федералната судијка Марија Сервини беше избрана по случаен избор да раководи со истрагата, која ќе испита дали Милеј постапил незаконски.

Некои опозициски политичари предупредија дека Милеј може дури и да се соочи со судење за импичмент, во зависност од исходот.

Скандалот избувна во петокот, кога беше лансирана криптовалутата $LIBRA. Милеј го искористи својот налог на социјалната мрежа Икс за да ја промовира крипто-монетата, велејќи дека е дизајнирана да поттикне „економски раст преку финансирање мали бизниси и стартапи“.

Засилена со таква поддршка од висок профил, криптовалутата накратко достигна пазарна капитализација од 4 милијарди долари. Но, неговата вредност брзо почна да паѓа, што ги натера некои да ја наречат измама.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Огромна карпа се откорна на автопат и падна врз комбе во Дубровник, еден загинат, неколкумина повредени
Следна Статија Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Паднаа Инстаграм, Фејсбук, Месинџер и Ватсап

Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други…

December 11, 2024
Blog

Епл се брани: Сири не испраќа кориснички податоци до огласувачите

Неодамнешната тужба насочена околу асистентот Siri предизвика гласини за насочени реклами на iPhone-ите. Apple се огласи и ги отфрла гласините…

January 11, 2025
Blog

Илон Маск го претстави роботаксито на Tesla – без волан, без педали, цена од 30.000 долари (ВИДЕО)

Илон Маск го претстави долгоочекуваното робот-такси, кое го нарече Cybercab, како и автономното возило за 20 луѓе наречено Robovan, како…

October 11, 2024

Как команда Pin Up support помогает преодолевать любые сложности?

Как команда Pin Up support помогает преодолевать любые сложности?Команда поддержки Pin Up всегда готова прийти на помощь и решить любые…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?