Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат по 1.000 денари додаток за трошоците за струја, од октомври до март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат по 1.000 денари додаток за трошоците за струја, од октомври до март
ЕКОНОМИЈА

Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат по 1.000 денари додаток за трошоците за струја, од октомври до март

Објавено February 18, 2025 13:09
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани.

Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика, предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување на квалитетот на живот.

Таа утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството. Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.

Програмата е донесена на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а вкупниот буџет за нејзино спроведување изнесува 60 милиони денари. Со оваа Програма се предвидуваат следните мерки:

-Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија, која ја спроведува Министерството за социјална политика. Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во периодот од октомври до март. Дополнително, корисниците имаат право на забрана за исклучување од мрежата во месеците декември, јануари и февруари, право на одложување/реструктуирање на неплатени долгови. Приоритет при поправки на мрежата и ослободување од трошоци за повторно приклучување.

-Намалување на сметките за струја за 1.000 ден./ месечно (12 месеци) за:

-Домаќинства со деца со попреченост, ако вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го надминува следниот износ:

42.000 денари за домаќинство со два члена
60.000 денари за домаќинство со три члена
80.000 денари за домаќинство со четири или повеќе члена

Згрижувачки семејства – За нив, горната граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари, во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за згрижување не се пресметува во оваа сума.

Програмата предвидува и важни рокови и обврзувања, односно поддршката ќе престане доколку корисникот не плати две последователни сметки, сите корисници се должни да ги плаќаат преостанатите износи на сметките навреме.

Министерството останува посветено на креирање политики кои обезбедуваат заштита за најранливите категории граѓани и подобрување на нивниот пристап до енергетските ресурси. Обезбедувањето пристап до енергија по прифатливи услови останува приоритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Песков: Нема да попречуваме влез на Украина во ЕУ
Следна Статија Невладините кои имаа спонзорства од УСАИД сега бараат покровителство од фондовите на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нотари: Дали нѐ заштитуваат или не?

„Нотарите ни го комплицираат животот, тие се тука само за да им ги земат парите на граѓаните, а нивната улога…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, во гостувањето…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс

Даночните обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водат деловни книги, доколку во текот на 2024 година…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бернар Арно: Зголемувањето на данокот е напад врз француската економија

Бизнисменот Бернар Арно, кој го предводи водечкиот светски производител на луксузни стоки LVMH и се смета за најбогат Французин, остро…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?