Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин

Објавено February 18, 2025 15:14
Сподели
Сподели

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Одлуката ја оставам на политичарите. Јас строго сум работел и сѐ уште ќе работам согласно Законот. Условите доколку се исполнети согласно Законот за ЈО, стојам на тоа и нека ме разрешат, меѓутоа, доколку не се исполнети условите согласно Законот за ЈО, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин или на незаконит – изјави Коцевски.

Во однос на барањето на премиерот Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски денеска во изјава за медиуми по седницата на Советот на јавни обвинители рече дека нема да коментира политички одлуки.

Откако ќе го добијам предлогот од страна на Владата, да ги видиме основите што се предвидени во Законот за јавно обвинителство, па потоа ќе се произнесам во однос на тоа. Во однос на политичките одлуки засега не би дал коментар – рече Коцевски.

Коцевски негираше судир на интереси во врска со неговото членство во Советот и изјави дека не постапува во предмети, туку врши менаџерска работа.

Во јавноста треба да се види по кои предмети сум постапувал незаконито за да се произнесам. Јас не одам на судење, не постапувам во предмети, така што само ја вршам главно менаџерската работа и околу одредени работи коишто се предвидени согласно Закон за јавно обвинителство – рече тој.

Во однос на критиките дека „имал време да се покаже“, одговори дека Јавното обвинителство е најтранспарентно во последните 30 години, со над 360 соопштенија и стотици одговори на новинарски прашања минатата година. Тој најави дека ќе продолжи со брифинзи за предмети од јавен интерес.

Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски, а денеска на седница треба да го разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, беше соопштено од Министерството за правда.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Коцевски во Собранието беше избран за нов државен јавен обвинител во февруари минатата година. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции
Следна Статија Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Усје“: Владата ќе ги разгледа заклучоците на Советот, па ќе постапи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца пензионирани пилоти ќе ги летаат „ер тракторите“ во случај на пожари летово

Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите

Директорката на универзитетската клиника за белодробни заболвања Козле Каролина Симоновска во официјален допис до медиумите побара нејзиното име да не…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

Тага, шок и неверување! Имаше само 32 години и светла иднина пред себе, а замина засекогаш во вечноста! Македонската јавност…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?