Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи
МАКЕДОНИЈА

Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

Објавено February 18, 2025 19:04
Сподели
Сподели

Кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите од вчерашното соопштение на политичката партија Демократската унија за интеграција според кои претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.

Согласно дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.

За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада“, се вели во одговорот од кабинетот на Сиљановска заедно со оригиналот од честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој му се заканува на Гаши?
Следна Статија Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем

Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција се ребрендира: МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни,…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот…

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?