Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

Објавено February 19, 2025 14:54
Сподели
Сподели

До крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов. Тоа денеска од Охрид го истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој имаше средба со раководството на компанијата „Костал Македонија“.

Николоски и во оваа прилика посочи на лошо проектираниот зафат за автопатско поврзување чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација. Тоа прашање, како што рече, ќе се решава со законско решение што е во процедура на донесување, легислатива што е веќе усвоена од Владата и наредната седмица ќе биде доставена до Собранието на усвојување. 

За проблемите со свлечиштата што многупати беа посочувани како причина за одолговлекувањето на проeктот тој рече дека се ангажирани странски експерти, а решенијата што ќе бидат понудени од нив ќе бидат соопштение на јавноста.

Што се однесува на конечната цена на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Николоски рече дека ќе направи се да не се излезе од последната проектирана рамка.

Компанијата „Костал Македонија“ е првата компанија што се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти. Решението помина на Комисијата за економски систем при Владата, истакна дене

Токму тоа е причината зошто инсистирам зафатите да се завршуваат во предвидената рамка. Доколку не работите во рамки на рокот тогаш инфлацијата го прави своето и тогаш доаѓа до многу повисока цена од договорената, рече тој.

За дел од договорот со „Бехтел и Енка“ за автопатското поврзување од Требеништа до Ќафасан, Николоски истакна дека за делницата од Подмоље до Струга има стриктни забрани од страна на УНЕСКО за градење во заштитениот дел на Охридското Езеро, каде потенцијално би се наоѓала односната делница.

Тој рече дека наредниот месец ќе има средба на  високо ниво со претставници на Министерството за култура, со градоначалникот на Охрид и експерти, посветена на тоа прашање.

Нема да одиме спротивно препораките на УНЕСКО, стасусот на Регионот е мошне значаен така што ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе биде поместување на трасата посеверено, целосно нова траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на автопатот, тоа ќе дискутираме. Само тука не сакам да се врзувам со рокови, но уште од летово кога ќе се пушти делницата од Врбјани до Охрид, а следната година целиот автопат, сликата целосно ќе се смени и ќе зборуваме во порелаксирани услови, рече тој. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии
Следна Статија Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кој е Лари Елисон, новиот најбогат човек во светот кој го симна од тронот Илон Маск?

Извршниот директор на „Оракл“, Лари Елисон, ја презеде титулата најбогат човек во светот, симнувајќи го од тронот шефот на „Тесла“,…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?