Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Трговците можеа и сами да ги намалат цените (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Трговците можеа и сами да ги намалат цените (ВИДЕО)
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Трговците можеа и сами да ги намалат цените (ВИДЕО)

Објавено February 20, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Последните владини мерки за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, ќе предизвика намалување на цените до 10 отсто, изјави синоќа Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Тој забележа дека трговците бурно реагираат, но одлуката е веќе донесена и дека таа ќе се спроведува.

„Реакциите од трговците и дистрибутерите гледаме дека се многу бурни, меѓутоа јас не видов, кога се дозволи тие самите да продуцираат мерка како акција за намалување, да покажат општествена одговорност кон граѓаните. Не видовме такво однесување и по медиуми да си ја одбранат својата мерка“, рече Ристески.

Тој откри дека преку 20 маркети им доставиле на властите предлози за намалување на цените, и сите биле различни.

„За такви намалувања не мора да чекаат одлука на Влада, можеа да го направат тоа самоиницијативно“, рече Ристески.

Тој додаде дека Законот за нефер трговски практики треба да се почитува и да не се изигрува.

„Тој е закон донесен по европска директива, сите партии го гласале што значи дека е многу важен за државата. Кого и да прашате, дали партија или опозиција/позиција ќе ви каже дека основен закон за долгорочно регулирање на пазарот е овој закон“, вели Ристески.

Тој вели да не се изигрува законот затоа што не само што ќе бидат казнети туку го нарушуваат целокупниот процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта
Следна Статија Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миноски за геополитиката и геоекономијата (ВИДЕО)

Поранешниот министер за финансии и економски експерт Кирил Миноски гостуваше во емисијата Заспиј ако можеш каде говореше за геополитичката и…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германската економија бележи пад во вториот квартал од 2025 година

Германската економија падна за 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, со побрзо темпо…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?