Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рекордни приходи во Царина, разбиени шеми преку кои се избегнувале плаќања на царински услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рекордни приходи во Царина, разбиени шеми преку кои се избегнувале плаќања на царински услуги
МАКЕДОНИЈА

Рекордни приходи во Царина, разбиени шеми преку кои се избегнувале плаќања на царински услуги

Објавено February 20, 2025 13:13
Сподели
Сподели

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека неефикасноста била една од најголемите проблеми во раководењето на институцијата.

„Затекнавме неефикасност, затекнавме апатија, затекнавме институција која што функционирала по „дифолт’’, онака како водата да тече, а браната, течението на реката никој не ја контролира и водата прави повеќе штета отколку бенефит на граѓаните на Република Македонија. Што сакам да кажам. Буџетот не се полнел онолку колку што треба да се полни, одредени позиции претпоставуваме дека се злоупотребувале, односно користеле повеќе за лични или партиски интереси, отколку за интересите на државата “, истакна Николовски.

Тој изнесе факти дека разликата меѓу новото раководство на Царина и старото е огромна, и тоа не само во финансискиот дел.

„Само во месец јули, кога дојдовме на 01.07 како ново раководство, наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16,6% повеќе од минатата година истиот период, што претставува историска наплата во приходи во еден месец од формирањето на царинската управа во Република Македонија’’, констатираше Николовски.

Додаде дека биле разбиени шеми, преку кои се избегнувале наплаќања на царинските услуги.

„35 половни моторни возила се одземени, пронајдени и одземени, вредност нивна 20 милиони денари, 9 милиони денари давачки во Република Македонија избегнати во Буџетот и уиграна шема, шпедиции, царински службеници, автоплацеви и увозниците, односно транспортери на возилата кои што од запад ги носеле тука“, заклучи Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во сабота е Задушница, ова е најважното нешто што треба да се направи
Следна Статија Поддржете ги нашите шампиони во роботика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Перински: Владата финансираше околу 1200 проекти во различни области во сите општини низ цела Македонија

Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе информираше дека оваа Влада финансираше околу…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали СДСМ со Груби стравува за Заев, Спасовски, Филипче…?

Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби.Институциите си ја завршија работата и го…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Македонија. Фидани беше избран…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?