Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари

Објавено February 20, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.592 денари или 7,2 отсто, за образование 7.036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ќе биде говорник на Конференцијата на конзервативната политичка акција во Вашингтон
Следна Статија Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија на средина меѓу 43 земји во Европа според задолженоста

Македонија се наоѓа точно на средина меѓу 43 земји во Европа според државниот долг како процент во бруто општествениот производ,…

July 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот…

August 1, 2025

Софтверски пазар на мечка: 3 акции со потенцијал за раст од 47% до 63%, според Волстрит

Многу аналитичари од Волстрит сè уште веруваат дека софтверските бизниси се стабилни

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Пари без сопственик: Милјарди евра заборавени во германските банки

На сметки во германските банки се наоѓаат 4,2 милијарди евра кои официјално немаат сопственик. Станува збор за т.н. „заспани“ или…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?