Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“

Објавено February 20, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од седиштето на Сојузот на борци во Битола, свечено ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“. Ова е прво официјално присуство на амбасадорот Радуков во Битола, барем според објавите од бугарските здруженија, по неговото назначување на дипломатската задача, објави Независен.мк

Здружението „Балкански мост“ функционира од пред повеќе од година дена, но сега доби и канцеларија, сместена, случајно или не, во објект во споредна уличка на Широк Сокак, на ул. „Маркс и Енгелс“, односно само неколку куќи подолу од жолтата зграда каде своевремено живеело семејството на Ароести Нахмијас, пред депортацијата, а сега седиште на потомците на борците од НОБ во Битола. Новото здружение има канцеларија на само неколку минути до улицата „Рузвелтова“ каде се наоѓаше седиштето на сега згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ или по ново „Една роза“.

На свеченоста синоќа беше присутен и генералниот конзул во Битола, Николај Димитров, како и други дипломати вработени во конзулатот во Битола. Меѓу присутните имаше нови лица од Битола. Новото здружение го води битолчанецот Љупчо Јошевски, а видливо беше присуството и на Георги Црномаров, битолчанец вработен во Генералниот конзулат во Битола, како и бизнисмени и познати културни работници од градот.

На настанот беа присутни нашите членови, пријатели, поддржувачи, како и претставници од Амбасадата и Генералниот конзулат на Р. Бугарија. Свеченоста ја отвори претседателот на здружението Љупчо Јошевски, со пораката дека треба да ги оставиме предрасудите, да учиме повеќе едни за други и да ја согледаме вистината, само тоа ќе ни донесе напредок и просперитет на патот да станеме дел од европското семејство. Кон присутните поздравни говори одржаа амбасадорот на Република Бугарија Желјаско Радуков и генералниот конзул Николај Димитров. За крај на официјалниот дел бевме поздравени со кратка поезија од нашиот пријател Филип Јовановски, соопштија од клубот „Балкански мост“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шамбевски: Присуството и обраќањето на CPAC, победа на Мицкоски и Македониј
Следна Статија Европската комисија реагираше на изјавите на Трамп: Украина е демократија, Русија не е

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата донесе четири заклучоци за погребот на настраданите во пожарот во Кочани

Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестен марш во Скопје против поради загадувањето на Крива река

Еко активистите денска излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство од како што го нароека нефукционирањето на државните…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?