Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
СПОРТ

Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт

Објавено February 21, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13).

Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.

Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зејн.

Инаку, Пелистер подобро влезе во натпреварот, во 10.минута ја создаде најголемата предност (7:4). До крајот на полувремето Динамо трпеливо ја топеше разликата, а периодот во кој Пелистер не постигна гол од 25. до 30.минута, гостите го искористија да заминат на одмор со гол предност.

Шериодот на неефикасна игра Пелистер го префрли и во вториот дел, во првите осум минути Битолчани постигнаа само еден гол, па Динамо во 38.минута имаше предност од два гола.

Со серија од три гола Пелистер повторно го презеде водството и до крајот буквално се играше гол за гол. Пелистер не ги користеше шансите да си обезбеди мирен финиш, на крајот Митревски ја сочува победата, откако во последниот напад на Пелистер, на 20 секунди до крајот Хосни ја „продаде“ топката.

Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола.

Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе во Берлин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tрамп му понудил на Зеленски нов договор за минералите
Следна Статија Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мурињо го сака Елмас во Фенербахче

Португалскиот стратег Жозе Мурињо размислува за нови засилувања во Фенербахче во зимскиот преоден рок, а во неговите планови е и Елиф…

October 22, 2024
СПОРТ

ФК Вардар потпиша со Давид Бабунски

Фудбалскиот клуб Вардар го засили својот состав со ново име кое ќе биде огромно засилување – Давид Бабунски е официјално…

September 2, 2025
СПОРТ

ЛА Лејкерс под диригентска палка на Дочиќ го растурија Денвер на Јокиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со 32 поени е најзаслужниот за убедливата победа на ЛА Лејкерс на гостински терен над Денвер од 100-132.…

February 23, 2025
СПОРТ

Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк се договорија со Ливерпул

Преговорите меѓу Мохамед Салах и Ливерпул се во завршна фаза и многу брзо Египќанецот ќе потпише нов договор со клубот,…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?