Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
ХРОНИКА

18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари

Објавено February 21, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Од почетоков на месецов заклучно со вчерашниот ден (20.02.) полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, соопшти МВР.

Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.

Инаку, во рамки на вчерашните активности на полициските службеници во поглед на постојаните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, според статистичките показатели, беа издадени 864 платни налози. Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци. Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило.

Покрај ова евидентирани се 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, и три минувања на црвено светло. Во 21 случај, согласно Законот за возила, од сообраќај се отсранети нерегистрирани возила, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград
Следна Статија Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К.…

October 19, 2025
ХРОНИКА

По повреда на раката од петарда синоќа: 13- годишно дете ќе остане со инвалидитет

Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката од петарда за време на новогодишната ноќ е примено на Ургентниот центар на…

January 1, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски -Штекли

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека Раде Трајковски…

January 19, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?