Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
ХРОНИКА

Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Објавено February 22, 2025 09:11
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.

Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеј Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите
Следна Статија Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

На Бит Пазар пронајдено починато машко лице без документи

На 05.05.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Почина осуденик од затворот Идризово

На 03.03.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Комлекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 15.30 часот кај…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Имале неевидентирана марихуана: Кривична пријава против правно лице и управителот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе и против Г.Л. од…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?