Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НАСА: Се намалуваат шансите дека опасниот астероид ќе ја погоди земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > НАСА: Се намалуваат шансите дека опасниот астероид ќе ја погоди земјата
СВЕТ

НАСА: Се намалуваат шансите дека опасниот астероид ќе ја погоди земјата

Објавено February 22, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Астероидот IR4, неодамна откриен од астрономите, сега има само 1,5 отсто шанси да удри во Земјата во 2032 година, процени НАСА, намалувајќи ја таа веројатност по рекордните 3,1 отсто.

Овој астероид, кој се проценува дека е широк меѓу 40 и 90 метри, сега има минимални шанси да удри во Земјата на 22 декември 2032 година, според новите пресметки на американската вселенска агенција.

Премногу е рано да се знае каде може да падне ако удри во Земјата.

Коридорот за ризик од удар“, што е област каде што може да слета астероидот, се протега низ источниот Тихи Океан, северниот дел на Јужна Америка, Атлантскиот Океан, Африка, Арапското Море и јужна Азија, соопшти Меѓународната мрежа за предупредување за астероиди (IAVN).

Ако астероидот удри, може да предизвика „тешка штета од експлозијата“ на 50 километри од местото на ударот, велат научниците. Експертите очекуваат дека веројатноста за судир ќе се промени бидејќи ќе се прават повеќе набљудувања.

НАСА во вторникот го процени ризикот од таков судир на повеќе од 3 отсто, што е највисоко ниво досега забележано откако почна да следи потенцијално опасни небесни тела пред повеќе од две децении, а во средата вечерта во блог пост објасни дека ги ревидирала своите проекции благодарение на новите набљудувања од телескопите на земјата.

Европската вселенска агенција (ESA) сега го проценува ризикот на 1,38 отсто.

Ричард Мојсл, шеф на канцеларијата за планетарна одбрана на ЕСА, рече дека таа бројка „ќе осцилира малку нагоре и надолу“ пред да падне под 1 процент во блиска иднина.

Веројатноста астероид да удри во Месечината е 0,8 отсто, објави НАСА.

Астероидот првпат беше забележан во декември со телескопот во Чиле.

Во раните 2000-ти, астероидот Апофис веќе ја вознемири меѓународната научна заедница со своите 2,7 проценти шанси да удри во Земјата во 2029 година. Веројатноста за удар набрзо падна на речиси нула.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се појави видео од аеродромот во Доха кое ги загрижи фановите на Ѓоковиќ
Следна Статија Падна покрив во трговски центар во Перу: 79 повредени, има и загинати (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кина отвора истрага против генерал Џанг Ју Сија

Продлабочена истрага против високи воени функционери во Комунистичката партија

January 25, 2026
СВЕТ

Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина

Унгарија денеска и врати две оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото во вредност од околу 82…

March 12, 2026
СВЕТ

Пукање пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж

Вооружен возрасен маж беше застрелан од страна на припадници на Тајната служба на САД во недела наутро надвор од Белата…

March 9, 2025
СВЕТ

Хуманитарен конвој од Египет се движи кон Појасот Газа

Конвој со хуманитарна помош тргна од Египет кон Појасот Газа по зголемениот меѓународен притисок и предупредувањата од голем број хуманитарни…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?