Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска во Вруток: И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска во Вруток: И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот
ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Вруток: И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот

Објавено February 22, 2025 17:55
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети Хидроелектраната Вруток, во рамки на нејзините заложби за редовна проверка на сите енергетски капацитети во земјата. Оваа посета е дел од континуираните активности на Министерството за следење на состојбата на клучните енергетски објекти и подобрување на нивната ефикасност.

ХЕЦ Вруток, како најголема електрана во рамки на Мавровскиот хидроенергетски систем, игра стратешка улога во македонскиот електроенергетски систем. Со инсталирана моќност од 165,6 MW и просечно годишно производство од 350 GWh, Вруток е клучен фактор во обезбедувањето стабилност на снабдувањето со електрична енергија.

„Континуираниот надзор и инвестиции во хидроелектраните се суштински за енергетската безбедност на земјата. Нашата цел е да ја зголемиме ефикасноста, сигурноста и одржливоста на хидропотенцијалот што го имаме. Мавровскиот хидроенергетски систем е столбот на обновливото производство на електрична енергија во Македонија, и затоа е важно да се одржува со највисоки стандарди“, изјави министерката Божиновска.

И покрај предизвиците со ниската кота на Мавровското Езеро (2,74 m под нивото од 2023 г.), преку реорганизација и оптимално планирање, ХЕС „Маврово“ постигна производство од 493,27 милиони kWh во 2024 година – за 28% над планот. Ова придонесе за стабилно снабдување со енергија во земјата и задоволување на потребите во периоди на врвна потрошувачка.

Мавровскиот хидроенергетски систем, кој покрај ХЕЦ Вруток ги опфаќа и ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен, со вкупна инсталирана моќност од 200 MW и годишно производство од околу 450 GWh, претставува еден од најголемите и најсложените во земјата. Водите што се влеваат во езерото се собираат од површина од над 500 километри квадратни од планининските масиви на Кораб и Шар Планина. Водата се пренесува со канали и цевководи долги над 130 километри. Со акумулација од 275 милиони кубни метри вода, овој систем е од критично значење за енергетската одржливост и балансирање на производството од обновливи извори

Во текот на посетата, министерката Божиновска се запозна со тековните активности за одржување и планираните инвестиции во модернизација на постројките. Во последните декади, системот беше предмет на три фази на ревитализација, со вкупна инвестиција од преку 60 милиони евра. Последната фаза од ревитализацијата, завршена во 2014 година, овозможи зголемување на инсталираната моќност за дополнителни 18,58 MW и годишното производство за 40 GWh. Дополнително, ревитализацијата придонесе за намалување на емисиите на CO₂ за 36.400 тони годишно.

Во наредните години, се планира реализација на третата фаза на ревитализација, Овие активности ќе осигурат продолжување на животниот век на објектите, зголемување на нивната сигурност и стабилност, како и дополнителни економски придобивки. Дополнителни приходи од околу 2,5 мил. евра од зголеменото производство и околу 2,5 мил. евра од системски балансни услуги.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со стратегијата за развој на хидроенергијата, а во наредниот период се предвидени нови инвестиции за зголемување на ефикасноста на постоечките капацитети и подобрување на нивната стабилност. Со вакви активности, Министерството го потврдува својот фокус на енергетската транзиција и одржливо производство на електрична енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија
Следна Статија Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон блокира 1.800 апликации за работа од сомнителни северно корејски агенти

Главниот безбедносен службеник на компанијата рече дека Северно Корејци се обиделе да аплицираат за работни места во областа на информатичките…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Речиси 13 милиони евра за граѓаните од „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенирани фактури за првиот квартал од 2025…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена

Бремените жени и натаму се казнуваат со бркање од работа штом работодавачите ја дознаат информацијата за мајчинството. Комисијата за спречување…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?