Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Кривична пријава против 4 лица за несовесно работење во службата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со детали: Кривична пријава против 4 лица за несовесно работење во службата
ХРОНИКА

МВР со детали: Кривична пријава против 4 лица за несовесно работење во службата

Објавено February 24, 2025 18:08
Сподели
????????????????????????????????????
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Х.- началник на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Н.С.- началник на Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад, Ц.Ј. – самостоен советник за финансиски работи во Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад и Б.Ј. – началник на СВР Битола за време на извршување на делото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Во текот на 2021 година, МВР распиша оглас за јавна набавка на услуги за одржување на хигиена во работни и други простории на МВР и АНБ за период од две години, при што е избрана фирма од Скопје.

Првопријавениот Ф.Х. и второпријавениот Н.С., испуштајќи ја својата надзорна контролна функција како раководители на организациската единица, не извршиле навремено следење на склучените договори со фирмата, со што првопријавениот потпишал договор за нарачки со кој ја надминал вредноста од рамковната спогодба и на тој начин направил финансиски импликации кон МВР, односно неможност навремено да се исплатат доспеаните фактури кон фирмата.

Третопријавената, надлежна за следење на Рамковната спогодба, следење и плаќање на склучените договори, не извршила проверки во книговодствената документација на Регионалниот центар за гранични работи Запад за да утврди дали по склучената Рамковна спогодба за набавка на услуги за одржување на хигиена се исцрпени сите парични средства.

Четвртопријавениот ја повлекол фактурата за исплата, иако услугите биле навремено извршени, со што направил финансиски импликации спрема МВР.

По заведен судски спор, од страна на фирмата, заради неисплатен долг по фактури кои биле стасани за плаќање, Министерството за внатрешни работи е задолжено да исплати дополнителни трошоци на име камата за задоцнето плаќање и судски трошоци во износ од 215.079 денари, за кој износ е оштетен буџетот на МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со контактите кои што ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме
Следна Статија Новиот заменик директор на ФБИ експерт за шарени револуции, напиша и истражување во кое се споменува Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична за полицаец: Издал одобренија за привремен престој на лица кои претставуваат закана за Македонија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Стефан Богоев излегува од притвор со гаранција од 55.000 евра

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката…

June 9, 2026
ХРОНИКА

(Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?