Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата
СПОРТ

Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата

Објавено February 25, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, во плејофот ќе влезе од првата позиција пред Вардар и вечерашниот ривал.

Пелистер на Алкалоид му покажа кој е актуелен шампион. Наметна ритам кој играчите на Алкалоид не можеа да го следат.

Фуриозно отвори Пелистер со 5:1, набргу стекна предност и од пет гола, а Алкалоид малку се доближи кога со серија од три гола намали на 12:9. Но Пелистер одговори со иста мерка, а на полувреме домашните водеа со 16:11.

Во вториот дел, впечатокот е дека домашните уште повеќе го засилија темпото, направија серија 6:1 со која прв пат стекнаа двоцифрена предност (24:14). До крајот разликата ја зголемија за уште три гола.

Кузмановски со 11 и Радивојевиќ осум гола ги предводеа домашните, на чии гол повторно блескаше Митревски со 12 одбрани (осум во второто полвреме). Најефикасен играч на Алкалоид беше Серафимов со осум гола.

На табелата Пелистер, Вардар и Алкалоид имаат по 34 бода. На мини табелата меѓу овие три тима Пелистер има гол разлика +5, Вардар 0, а Алкалоид -5.
Ова значи дека доколку во последните три кола овие три екипи ги забележат планираните победи, во плејофот Пелистер ќе влезе со три, а Вардар и Алкалоид со по два бода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели
Следна Статија Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

РФМ ќе поднесе жалба за ужасното судење на мечот со Холандија!

Можеби првпат откако сегашното раководство е на чело на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доаѓа до ситуација во која ќе…

January 17, 2025
СПОРТ

Кој е Предраг Мијатовиќ новиот член на управата на Партизан: Загуби син, поранешната сопруга е една од најзгодните Србинки

ФК Партизан доби нов управен одбор на чело со Расим Љајиќ, со први соработници Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ. Навивачите…

October 22, 2024
СПОРТ

Важен дуел против Словенија: Вечерва навиваме за Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот на…

March 12, 2025
СПОРТ

Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот

Хуан Сото и Њујорк Метс го потпишаа најголемиот договор во историјата на спортот. Хуан Сото договорил 15-годишен договор вреден 765…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?