Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните
БАЛКАН

Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Објавено February 25, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека неговата земја направила грешка и требало да биде воздржана, пренесува Анадолија.

„Мислам дека Србија згреши. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија и јас сам ја сносам вината за тоа, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да направам се“, рече Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Хепи. Тој додаде дека Србија требаше да се воздржи при гласањето за европската резолуција за Украина, исто како што беше и при гласањето за американската резолуција.

„Што се однесува до американската резолуција, гласавме точно како што треба, се воздржавме. Според мене, требаше да се воздржиме и за европската резолуција. И како што гледате, ова го кажувам во момент кога е сосема јасно дека поради ова ќе изгубам полза или политички поени во ЕУ. Верувам дека Србија требаше да се воздржи“, рече Вучиќ.

Тој тврди дека Србија не треба да се додворува ниту на Русија, ниту на САД.

Инаку, Генералното собрание на ОН усвои резолуција подготвена од Украина и нејзините европски сојузници на третата годишнина од рускиот напад врз Украина. Резолуцијата повикува на праведен и траен мир во Украина, итен прекин на непријателствата, целосно повлекување на Русија и дипломатски напори да се спречи понатамошна ескалација.

За оваа резолуција гласаа 93 земји, 65 беа воздржани, а 18 земји беа против, вклучувајќи ги САД и Русија.

„

„

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина
Следна Статија Милошоски: Се замолува Фани Пановска да не ја манипулира јавноста (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ за укинувањето на факт чекерите: Tрамп е решен да го промени светот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за ТВ Пинк говореше за задоовлството од најавата за укинувањето на т.н факт чекери. Најавите…

January 13, 2025
БАЛКАН

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе…

October 8, 2024
БАЛКАН

Лидерот на српската опозиција заспа во Парламентот

На почетокот на денешната седница на Собранието на Србија, од 86 пратеници на опозицијата по чие барање беше закажана седницата…

October 7, 2024
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на граничните премини Евзони и Ники

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?