Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди
ЗАБАВА

ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди

Објавено February 25, 2025 10:23
Сподели
Сподели

Клинт Хил, агентот на американската Тајна служба кој скокна во лимузината на Џон Кенеди за да го заштити смртно ранетиот претседател и долго време се прашуваше дали би можел да го спаси доколку дејствувал побрзо, почина на 93-годишна возраст, објави во понеделник неговото семејство.

Хил, кој се гледа на снимката од атентатот како се фрла и се качува на задниот дел од претседателската лимузина за да стигне до претседателот и неговата сопруга Жаклин, починал мирно дома, се вели во соопштението на семејството.

„Хероизмот на Хил на 22 ноември 1963 година, за време на атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди, го направи светски симбол на храброста и почитувана икона во американската тајна служба“, се вели во соопштението.

Погоден од она што го сметаше за личен професионален неуспех, Хил ја напушти Тајната служба во 1975 година на 43-годишна возраст.

Во своето прво интервју по атентатот на Кенеди, тој во емисија на CBS изјави дека жали што не бил на патот на куршумот меѓу атентаторот и претседателот.

„Тајната служба е длабоко тажна поради смртта на Клинт Хил“, се вели во соопштението во понеделникот на агенцијата одговорна за заштита на високи американски политичари, поздравувајќи ја неговата „непоколеблива лојалност“ кон семејството Кенеди за време на оваа трагедија, како и кон претседателите Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Ричард Никсон и Џералд Форд.

Хил се возел во автомобил што ја придружувал претседателската лимузина, но – предоцна – со своето тело ги покри Џон Кенеди и првата дама Жаклин.

Снимката од 26 секунди направена од случаен минувач го снимил Хил како се фрла на претседателската лимузина, единствениот агент на Тајната служба којшто побрзал кон возилото.

Тој ја упатил првата дама која беше испрскана со крв, која изгледа како да лази, кон задниот дел од автомобилот, назад кон нејзиното седиште, а потоа ги покрива со своето атело и двајцата додека лимузината се движеше кон болницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра
Следна Статија Хајредини: Сите „бомби“ за раководството и за функционерите на ДУИ се во сефот на Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Избрана е најубавата земја во светот за 2025 година

Грција е прогласена за најубава земја во светот во 2025 година, според листата што ја составуваат годишно „Ју-ес-еј Њуз енд…

July 8, 2025
ЗАБАВА

Избрана најдобрата пица на светот

Според магазинот Time Out, најдобрата пица на светот се прави во италијанскиот град Неапол, поточно, во пицеријата Da Attilio, во…

March 9, 2025
ЗАБАВА

Леон Кенеди конечно може да користи моторна пила во Resident Evil Requiem

Од новиот пиштол на Грејс до новата секира на Леон, еве сè што треба да знаете за денешната презентација.

January 17, 2026
ЗАБАВА

Тие се извлекуваат од секоја криза и сè им оди добро затоа што се родени под среќна ѕвезда

Без разлика колку напорно се трудиме да ги постигнеме нашите цели и да постигнеме успех во животот, понекогаш интелигенцијата и…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?