Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Редовно јадете ореви за да бидете попаметни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Редовно јадете ореви за да бидете попаметни
ЗДРАВЈЕ

Редовно јадете ореви за да бидете попаметни

Објавено February 25, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во јадењето има и јаткасти плодови. Написот е објавен во списанието „Фуд енд фанкшн“ (Food & Function).

Познато е дека исхраната игра значајна улога во целокупното здравје на мозокот, па некои научни истражувања и досега посочуваа дека јаткастите плодови, како што се оревите, можат да бидат корисни за когнитивната функција. Новите научни испитувања откриваат дека испитаниците – млади лица, кои јаделе околу 50 грама ореви измешани во својот утрински оброк, имале повеќе придобивки во текот на денот, вклучувајќи побрзи умствени реакции и подобро помнење – во споредба со појадок без јаткасти плодови.

Сепак, досега многу малку истражувања, се вели, директно го тестирале влијанието на оревите врз способностите за размислување кај луѓето. Новиот труд има за цел да ја пополни оваа празнина.

Пред испитувањето, истражувачите регрутирале 31 здрав млад човек на возраст од 18 до 30 години. Со т.н. вкрстен истражувачки дизајн, секој учесник ги доживеал двата услови што биле тестирани: појадок со, и – без јаткасти плодови.

Ниту испитаниците, ниту истражувачите директно вклучени во тестирањето не знаеја кој појадок следи дента, што ги обезбедува потребните услови на случајност при испитувањата. Уште повеќе, на учесниците им било кажано дека набљудувањето се однесува на различни житарки за појадок, така што тие не знаеле за вистинската нагласка на испитувањата, сѐ додека тие не завршат.

Контролниот појадок без ореви, притоа, бил осмислен да биде многу сличен со оној со јатки – со исто толку калории, масти, протеини и јаглехидрати, но без јаткасти плодови.

Во текот на денот, т.е. два, четири и шест часа по појадокот, учесниците ги повторувале тестовите за размислување и расположение. За време на овие периоди на тестирање, истражувачите ја мереле и електричната активност на нивните мозоци користејќи електроенцефалографија – ЕЕГ. Учесниците, исто така, го оценувале и својот апетит и желба за различни занимации и задачи, но и вкусот и мирисот на нивниот појадок веднаш по јадењето.

Така, според наводите: шест часа по појадокот, учесниците кои добиле појадок со ореви покажале подобра меморија во споредба со оние кои имале оброк без ореви.

Во однос на умствената реакција, учесниците биле постојано побрзи на задачите и вниманието, по појадокот со ореви во споредба со контролниот појадок. Ова посочува дека оревите ја подобриле брзината и ефикасноста на мозочните функции. ЕЕГ исто така покажа разлики во активноста на мозокот.

Занимливо е тоа што трудот покажува и дека повеќе испитаници изјавиле дека се чувствуваат малку понегативно по појадокот со ореви во споредба со контролниот оброк. Тие, исто така, го оцениле мирисот на појадокот со ореви како помалку привлечен и пројавиле посилна желба за мрсна храна откако појадувале.

Во однос на крвните маркери, истражувачите забележале дека нивото на шеќер е малку повисоко по појадокот со ореви, додека нивото на слободните масни киселини биле пониски во споредба со контролниот појадок. Овие промени во шеќерот и масните киселини можеби се поврзани со тоа како јаткастите плодови влијаат на достапноста на енергија и метаболизмот во мозокот, потенцијално придонесувајќи за забележаните когнитивни придобивки. Сепак, немаше значителни промени во другите крвни маркери, поврзани со воспаленијата или невротрофичен фактор добиен од мозокот – протеин важен за здравјето на човековиот највитален орган.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина е полна со графит, клучен минерал за производство на батерии за електрични возила
Следна Статија Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот…

October 4, 2024
ЗДРАВЈЕ

Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците.…

September 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија недостигаат 6.000 медицински сестри

Недостатокот на медицински сестри станува сè поалармантен, при што околу 6.000 медицински сестри недостасуваат од болниците низ целата земја, на…

October 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Игор Мерџаноски нов директор на ТОАРИЛУЦ

За нов директор на ТОАРИЛУЦ е назначен доктор Игор Мерџаноски. Д-р м-р супспецијалист Игор Мерџаноски е роден 1971 година во…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?