Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
СПОРТ

(Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4

Објавено February 26, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4.

На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот.

Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. Хулијан Алварез погоди во 47. секунда, а во шестата минута Гризман ја зголеми предноста.

Следуваше блиц-криг на Барселона, во 20. и 21.минута изедначија Педи и Кубарси. Младиот штопер во 62.меч за Барселона го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал. До крајот на полувремето Мартинез го комплетираше пресвртот.

Барселона во првиот дел имаше две шанси, преку Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец два пати беше сам пред голманот Мусо и не успеа да постигне гол.

Во вториот дел речисии да немаше возбудувања. Барселона го контролираше поседот, но без вистинска закана кон голот на противникот. А потоа нов спектакл во последните 15 минути.

Јамал ја измеша одбраната на Атлетико во 74.минута и му асистираше на Левандовски за 4:2.

Од тој момент гостите почнаа да играат. Во 84.минута Љоренте од 16 метри со мала помош на Гави го намали резултатот, а во 94.минута, Барселона си дозволи контра, Лино за Серлот за конечни 4:4.

Норвешанецот на 21.декември минатата година, во првенството го постигна голот за победа на Атлетико во 96.минута.

Реваншот на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра на 2.април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Следна Статија Украина се согласи на условите во договорот за минерали со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шпанскиот тренер Раул Алонсо ќе го води Еурофарм Пелистер до јуни 2026 година

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го промовираше Раул Алонсо како нов тренер на тимот каде шпанскиот стратег потпиша договор до…

November 12, 2024
СПОРТ

Атлетико ја наполни мрежата на Реал во мадридското дерби

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2…

September 28, 2025
СПОРТ

Мудрик позитивен на допинг

Фудбалерот на Челзи, Микаил Мудрик, бил позитивен на допинг тестот направен во октомври и е суспендиран до понатамошно известување, пренесуваат…

December 17, 2024
СПОРТ

Кирк Кузинс можеби токму си обезбеди повеќе опции во 2026 година

Среде тежок период во Атланта, 37-годишниот квотербек повторно го оживеа пазарот на слободни агенти со спектакуларен настап против Бакенерите.

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?