Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
ХРОНИКА

Одложено судењето за убиството на кучето Феликс

Објавено February 26, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители почина на 7 јануари. Во меѓувреме пред судот има собир на граѓани „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда!“.

Судењето се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за убивање и мачење животни“, Член 233 став 1 од Кривичниот законик кој гласи „тој што ќе усмрти животно без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години”.

Од Здружението „Анима Мунди“ побараа зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење на животни) особено по правно лице, и воведување на нови, квалификувани форми на извршување на ова дело. -На денот кога започнува судскиот процес по кривичната пријавата која ја поднесовме против лицата кои најсурово, со метална шипка и над 10 удари осакатија мирно бездомно куче (Феликс) кое по неполни два месеци умре во агонија, тука сме пред Кривичниот суд зошто бараме најстроги казни. Нема да дозволиме неговата смрт да се заборави, премолчи и помине неказнето. Тука сме зошто бараме одговорност и затворски казни за сторителот и соучесниците, изјави Столе Велковски од „Анима Мунди”

Воедно, како што дополни, на овој ден поднесуваат Иницијатива за измена и дополна на Кривичниот закон до Владата, премиерот Христијан Мицковски, министерот за правда Игор Филков и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со внесување на нови прецизно дефинирани категории – нови квалификувани форми на кривично дело мачење на животни.

-Покрај зголемување на казните, бараме воведување на посебни кривични дела и тоа борби со животни, напуштање на животни и воведување на засебна безбедносна мерка – забрана за чување и стекнување животни, која може да се изрече за најтешки случаи на злоупотреба на животни кога околностите на извршувањето упатуваат на опасност од повторување на кривично дело, дополни Велковски.

Како што информираше, во последните 10 дена добиле бројни пријави за екстремна суровост кон животни, кои вклучуваат исцрпен коњ принуден да влече товар и колабирал на улица, застрелана мачка закачена на возило како трофеј, куче со скршен череп кое умирало без никаква полициска интервенција, обесено куче кое служи за вежбање на друго куче, два обесени волци, и борби со кучиња кои се промовираат и одржуваат онлајн и во урбани средини.

-Дополнително, напуштени миленици завршуваат труени, тепани и умираат на улица, што го влошува проблемот со прекубројноста на бездомните животни и ја загрозува безбедноста на населението, рече тој. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Зоран Здравев. Судењето е одложено за 13 март. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
Следна Статија Дарко Панчев е избран во идеалниот тим на Црвена звезда на сите времиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Апелација ја прифати жалбата на обвинетите во случајот „Беса транс“, случајот повторно вратен на судење

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење. Од Апелација за…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство

Поранешниот директор на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Голтнал две пакувања дрога кога забележал полицајци

Вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48)…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?