Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?
СВЕТ

Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?

Објавено February 26, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Украина доби значителна меѓународна финансиска и воена помош, при што најголеми донатори се Соединетите Американски Држави и европските земји.

Според анализата на Скај Њуз, САД дале вкупно 114 милијарди евра во различни видови поддршка, додека европските земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, обезбедиле 132 милијарди евра.

Ако се разгледа само воената помош, САД предничи со 64 милијарди евра, додека европските држави колективно имаат дадено 62 милијарди евра.

Сепак, споредено со бруто домашниот производ (БДП) на земјите-донатори, најголем процент од своите економии за поддршка на Украина одвоиле Данска, Естонија и балтичките држави – околу 2 отсто од БДП. САД и Велика Британија, од друга страна, издвоиле околу 0,5 проценти од својот БДП.

Прашањето за враќањето на помошта повторно се актуелизираше откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека очекува Украина да „врати“ 500 милијарди долари преку приходи од ретки минерали.

Иако Украина поседува одредени наоѓалишта на ретки елементи, нивната експлоатација е ограничена и скапа. Долги години овие минерални ресурси остануваат неразвиени поради технолошки и економски предизвици. Дури и со целосна експлоатација, експертите сметаат дека Украина не би можела да генерира приходи од стотици милијарди долари, како што посочува Трамп, наведува Скај Њуз.

Освен ретките минерали, Украина има значајни резерви на јаглен во Донбас, железна руда и други суровини, но голем дел од овие ресурси се наоѓаат на територии под руска окупација.

Како ќе се одвива оваа дискусија во иднина зависи од текот на преговорите меѓу Киев и Вашингтон, но за сега не постојат реални економски показатели дека Украина може да ги врати средствата што ги добила исклучиво преку експлоатација на ретки руди и минерали. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
Следна Статија Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика

Владата на Шри Ланка обвини мајмун за прекинот на струјата во земјата, пишува „Телеграф“. Според министерот за енергетика, Кумара Јајакоди,…

February 10, 2025
СВЕТ

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател…

May 2, 2025
СВЕТ

(Видео) Руски дрон удри во куполата во Чернобил

Руски дрон наводно удрил во купола која била поставена над уништениот реактор на нуклеарната централа Чернобил. Нападот се случил во…

February 14, 2025
СВЕТ

Само овие жени имаат привилегија да се појават пред Папата во бело

Ватиканскиот протокол е многу строг и пропишува како треба да се облекуваат оние кои ќе се сретнат со папата. Затоа,…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?