Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди прашува кој го штити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вреди прашува кој го штити
МАКЕДОНИЈА

Вреди прашува кој го штити

Објавено February 27, 2025 17:23
Сподели
Сподели

ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме да им помогнеме.Вистинското прашање останува – Кој го спаси Бујар Османи од судска разврска за случајот Пациент?, прашува Влен.

Специјалното јавно обвинителство покрена бројни случаи против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден остана недопрен – предметот „Пациент“. Бујар Османи беше единствениoт за кој СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение.

Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран? Кој ја повлече рачната кочница? Дали Бујар Османи им должи на Мијалкови или на Заеви? На кого до крај на животот ќе мора да му слугува господинот Османи?

Црната листа беше пополнета со името на најдобриот другар на Бујар Османи, Артан Груби. Тоа се случи заради посредување и спасување на Мијалков. Дали и овој случај Пациент и неговотo умртвување се должи на истите луѓе и истата шема? Дали Артан Груби посредувал за спас на Бујар Османи?

Бујар Османи остана без кривична одговорност, но моралната и етичката ќе ја носи до крајот на живото. Затоа е добро сам да даде одговор каква штета претрпеа граѓаните?

За време на министерувањето на Бујар Османи, Јавната здравствена установа Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Таа клиника, каде се раѓаат децата на сите нас, од Чаир и пошироко, беше предмет на истрагата на СЈО. Колку пари беа украдени? Колку пациенти беа оставени без соодветна здравствена заштита? Колку луѓе загубија шанса за подобар третман поради криминалните игри на Османи?

Османи не е само политичар со сомнително минато – тој е директно одговорен за уназадувањето на здравствениот систем! Додека медицинските установи пропаѓаа, неговите блиски се богатеа. Колкава е цената на неговата слобода и кој ја плати?

Време е за вистински ветинг, а не за лажна театарска претстава!

ДУИ може да продолжи со празни изјави, но граѓаните бараат одговори! Кој му помогна на Османи да избега од судот? Зошто институциите молчат? Колку долго ќе трае оваа заштита?

Ако ДУИ навистина сака прочистување, нека почне од Бујар Османи! Време е за одговорност! Време е за правда!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рикер: Македонија немала подобар пријател од САД
Следна Статија Случајност или не? Британски авион кружел над Бања Лука за време на изрекувањето на пресудата за Додик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колони возила од Охрид кон Скопје и од Грција кон Македонија

Крајот на продолжениот празничен викенд попладнево донесе гужви на автопатите низ Македонија. Традиционално многу Македонци заминаа во Грција, а истото…

April 13, 2026
БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Имаме високи планини – а одговорност?

Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?