Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа
БАЛКАН

Масовен протест во Атина за двегодишнината од железничката несреќа

Објавено February 28, 2025 13:02
Сподели
Сподели

Илјадници граѓани уште од рано утрово ги исполнија улиците во центарот на Атина, како и плоштадот Синтагма за да испратат порака дека не ги забораваат жртвите во железничката несреќа кај Темпи пред две години, но и да го повторат нивното барање за правда, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако протестот беше закажан за 11 часот по локално време, час и половина пред официјалниот почеток, плоштадот пред грчкиот Парламент беше веќе полн со граѓани на сите возрасти, млади, студенти, пензионери, семејства со деца.

Протестот започна со едноминутен молк, откако претходно беа прочитани имињата на сите 57 загинати.

Годишнината од несреќата се одбележува со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство, а најголемите грчки синдикати за денеска закажаа генерален штрајк што буквално ја парализираше земјата.

Не функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници и супермаркетите кои неколку часа ќе бидат затворени.

Бродовите се закотвени на пристаништата, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а поради штрајкот на контролорите на летање, откажани се сите летови од и кон Грција.

Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот.

Грчката метропола е и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа преку иницијативата „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, на четири различни локации во Атина таксисти волонтери бесплатно ги пренесуваа граѓаните до плоштадот Синтагма каде што се одржа протестот.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на конкретните локации имаше масовен одѕив на такси возачите кои имаа закачени црни балони и табела дека се дел од иницијативата за бесплатен превоз на граѓани до плоштадот Синтагма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска: Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија?
Следна Статија Мицкоски: ГОРД сум на инвестицискиот БУМ од Една МИЛИЈАРДА и 225 милиони евра, продолжуваме да работиме за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Известувачот на ЕП за Србија главен поддржувач на Северина

Новиот известувач на Европскиот парламент за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула,  го започна мандатот со остри изјави, коментира „Курир.рс. Пицула…

October 25, 2024
БАЛКАН

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Ниш и Нови Сад. Пред седиштето…

August 17, 2025
БАЛКАН

Кокаин вреден до 5 милиони евра пловел со чамец по Дунав

Кокаин вреден до 5 милиони евра бил запленет во близина на Бачка Паланка во Србија, откако српската полиција пронашла околу…

May 29, 2026
БАЛКАН

Додик: Специјалци од Британија се испратени во БиХ за да ме убијат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека војници, припадници на специјалните сили од Велика Британија биле испратени во Босна…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?