Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ
СПОРТ

Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

Објавено March 1, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Аргентинецот Лионел Меси зборуваше за „Ејпл ТВ“ (еден од главните спонзори на Интер Мајами) за времето поминато во Пари Сен Жермен.

Тој вели дека тој дел од неговата кариера не бил најпријатен. Како што рече, секој ден бил незадоволен.

„Тие две години не ми беа пријатни. Не бев среќен, бев незадоволен секој ден, од тренинзите, натпреварите… Имав потешкотии да се адаптирам на сето тоа“, изјави Меси.

Неговиот партнер од тоа време Нејмар неодамна проговори за незадоволството на Аргентинецот во Париз.

Во таа изјава Бразилецот откри дека Килијан Мбапе му бил љубоморен на Меси, но и блиската врска која Бразилецот и Аргентинецот ја имале надвор од теренот.

Меси беше во Пари Сен Жермен од 2021 до 2023 година, кога по 23 години ја напушти Барселона.

Во Мајами е среќен, го најде тоа што го бараше и ужива во фудбалот, земјата, клубот…

„Доаѓањето во Мајами беше можност, особено откако работите не одеа добро во Париз. Таа одлука ( да се пресели во ПСЖ) морав брзо да ја донесам, бидејќи морав да заминам од Барселона“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници
Следна Статија Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Бразил победи со Нејмар во тимот

Бразил ноќеска ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, САД, во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското…

June 25, 2026
СПОРТ

Манчестер Јунајтед и Тотенхем во битката за трофејот во Лига Европа

Манчестер Јунајтед по пауза од осум години одново ќе игра трофејот во Лига Европa. „Црвените ѓаволи“ повторно го совладаа Атлетик…

May 9, 2025
СПОРТ

ВИДЕО: Чурлинов е херојот на Јагелонија за прв триумф во Конференциската лига

Во првото коло од новата сезона во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија славеа со 2:1 на гостувањето кај ФК Копенхаген. На стартот од вториот дел…

October 4, 2024
СПОРТ

(Видео) Спектакл на „Џузепе Меаца“, Интер во неверојатна драма ја елиминира Барселона

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?